ТФТ го преслуша Студент, четвртфиналето од АБА2 е на дофат

ТФТ направи уште еден огромен чекор кон пласман во четвртфиналето од АБА2 лигата откако македонскиот вицепрвак денеска славеше во својот меч од седмото коло во регионалното натпреварување. Гости на македонскиот претставник беа кошаркарите на Студент од Бања Лука, кои немаа никакви шанси за изненадување, откако ТФТ доминираше од почеток до крај во натпреварот и славеше со убедливи 107-79.

Ефикасниот напад беше заштитен знак на тимот на Боро Смилковски уште од самиот почеток, ТФТ постигна 29 поени во стартните десет минути и ја доби првата четвртина со 11 поени предност (29-18). Доминацијата на македонскиот претставник продолжи и во вториот период, па ТФТ замина на одмор со убедливи 50-32. Смилковски им даде шанса на сите кошаркари, но тоа не се одрази на резултатот, водството на македонскиот тим продолжи да се зголемува до конечните „плус 28“.

Гордон беше клучна фигура во таборот на ТФТ со 24 поени, Дејвис имаше 17, а Ташовски 16 поени во петтиот триумф на тимот од скопско Тафталиџе во седмиот овосезонски меч од АБА2 лигата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...