Американскиот интернационалец Џастин Гордон е првото засилување во редовите на ТФТ за новата сезона.
Гордон, кој ги покрива позициите 3 и 4, пристигнува со богато искуство од десет различни земји – меѓу кои Аргентина, Австралија, Германија, Велика Британија, Шведска и уште неколку европски лиги.
Во дресот на словачката Нитра минатата сезона бележеше просек од 14.2 поени и 5.2 скока по натпревар.
Потпишан е договор на една година, а како што пренесуваат од клубот ТФТ веќе сериозно се подготвува за враќањето во AБA 2 лигата, но и учество во уште едно меѓународно натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

