После два последователни порази, екипата на ТФТ се врати на победничките патеки. Загуби тимот од Тафталиџе и од Пелистер и од Куманово, но вечерва го совлада Гостивар на домашен терен со 77-71.
Благодарение на добрата игра во првиот дел, особено во вториот период, скопската екипа стигна до овој триумф. Првата четвртина мина во резултатски „ролеркостер“, за во втората ТФТ да покаже доминација, и на полувреме да замине со +9.
Во третиот период Гостивар само во финишот успеа да дојде до добра предност, но не успеа да го сврти резултатот никако во своја корист, иако во последниот период во еден миг се доближи и до пет поени разлика.
Најефикасен на средбата беше Митевски од Гостивар со 17 поени, додека кај победничкиот тим Говенс постигна 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА