Кошаркарите на ТФТ славеа на домашен терен против новајлијата во елитата МКК Куманово со 81-70 во првиот натпревар од новата сезона во кошаркарската Прва лига на Македонија.
Двете екипи одиграа еден интересен и неизвесен натпревар во кој клучната разлика ја направи последната четвртина во која домаќините одиграа далеку подобро од противникот и на крајот и повеќе од заслужено стигнаа до деби триумф во новата сезона од 81-70.
Дарин Говенс со 23 поени беше прво име во таборот на победникот, додека новата аквизиција Адем Мекиќ уфрли 17 поени. Кај поразените убедливо најефикасен беше Тадија Тадиќ со 25 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА