Кошаркарите на ТФТ со победа над Тиквеш на домашен терен од 89-58 ја затворија натпреварувачката 2025 година во Првата лига на Македонија.
Гостите од Кавадарци пружија силен отпор во првиот дел на фаворитот, па по 20 минути игра резултатот на семафорот беше нерешен 32-32. Избраниците на Боро Смилковски заиграа многу подобро во вториот дел и на крајот заслужено стигнаа до триумф од убедливи 89-58.
Рејмонд Сомервил со 19 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Кристоф Дес постигна 17 поени.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

