ТФТ се врати на победнички патеки во македонскиот шампионат, откако лесно и убедливо славеше на денешниот дуел против Вардар со 90-37. „Вардарци“ се веќе на пат кон втората лига, но никој не очекуваше така слабо издание во нападот на „фенерџијата“ на табелата, со само 37 постигнати поени за вкупно 40 минути игра.
Од нив, Вардар дури 25 постигна во првото полувреме од натпреварот (27-23, 23-12). Второто полувреме мина во тотална доминација на домашните кошаркари, а Вардар постигна само пет поени во третата четвртина (24-5) и само седум во последните десет минути од овој натпревар (26-7).
Браун со 15 и Зафиров со 14 поени беа најефикасни во победничкиот тим, Taшовски имаше 12 поени и 6 асистенции за ТФТ, додека единствен со двоцифрен ефект кај Вардар беше Бајрам со десет поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА