ТФТ го забележа вториот пораз во БИБЛ лигата откако на гостувањето во Израел загуби со 102-63 од фаворизираниот Ирони Нахарија. Македонскиот претставник беше рамноправен противник само во првата четвртина по која домаќините ја искористија ширина на клупата и сосема заслужено стигнаа до првата победа во натпреварувањето.
„Црно-белите“ успеаја да се одржат во игра само во првите 10. минути во кои изнаоѓаа решение во нападот па на семафорот стоеше изедначени 18-18, а веќе до полувремето гостите стигнаа до убедлива предност. Израелскиот тим преку добриот проток на топката дојде до отворени обиди кои ги казнуваше, а за разлика од нив шутот не беше во полза кај избраниците на Смилковски па по првите 20. минути на семафорот стоеше резултат 47-34.
На отварањето на второто полувреме ТФТ успеа да ја сведе негативата на едноцифрена (52-45), но домашниот тим навремено ги консолидираше своите редови и со серија од 11-0 стигна до нова комотна предност која не ја испушти до крајот на натпреварот, напротив дополнително ја зголеми за убедлива победа.
Ландриус Хортон беше првото име кај македонскиот тим со 14 поени и 5 скока, додека него го следеше Алекандар Костоски со 13 поени и 4 асистенции. Иван Сапунџиев броеше до девет, додека Страхил Николов додаде осум поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА