ТФТ ќе чека на По Ортез за место во ЛШ!

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на ТФТ, аплицираше за место во Лигата на Шампионите на ФИБА, но за да стане дел од ова натпреварување екипата од скопско Тафталиџе ќе треба да се „крсти“ во фијаско на францускиот клуб По Ортез.

Имено, тимот од Франција е предвидено да биде дел од групната фаза, но доколку не успее да добие лиценца за настап во наредната сезона, тогаш друга екипа ќе биде прекомандувана во групите, а ТФТ ќе добие шанса во квалификациите за Лигата на Шампионите.

Предизвикот е огромен со оглед на квалитетот на ривалите, но и фактот дека во квалификациите за ЛШ учествуваат 24 екипи, а само четири од нив обезбедуваат учество во групната фаза.

Ждрепката за квалификациските рунди ќе се одржи на 7 јули.

Се вчитува...