ТФТ ќе го предизвика МЗТ Скопје во финалето на меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“

Кошаркарите на домаќинот на меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“, ТФТ се вториот финалист откако вечерва во полуфиналето славеа над екипата на Кожуф со 82-76.

Во финалето тимот од скопската населба Тафталиџе ќе игра против актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром кој во првото полуфинале славеше против Тиквеш со 71-67.

Натпреварот за третото место и финалето на програмата се утре.

Се вчитува...