Македонскиот претставник во овогодишното издание на ФИБА Лигата на шампиони, ТФТ во првата квалификациска фаза за противникот го доби тимот на македонскиот стратег Ѓорѓи Кочов, Кемниц Најнерс.
Како потсетување, македонскиот состав треба да помине три квалификациски фази за да се најде во групната фаза од натпреварувањето па доколку составот од Тафталиџе ја мине првата квалификациска пречка во втората го очекува тимот на Фрибург Олимпик од Швајцарија, a во третата подобриот од Лестер, Волунтари и Тофаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА