ТФТ лесно против Вардар за триумфален почеток на 2024 година

ТФТ ја започна 2024 година со триумф откако на отварањето на 14. коло славеше на домашен терен против повратникот во првенството Вардар со 92-82 потврдувајќи ја фаворитската улога за осма победа на домашната сцена.

Избраниците на Боро Смилковски беа подобриот противник уште од самиот почеток на средбата. Предноста во скок играта донесе обиди од втора шанса кои „црно-белите“ умешно ги користеа па по 10. минути игра имаа предност од девет поени разлика (27-18), предноста која продолжија да ја одржуваат до крајот на средбата.

На полувремето тимот од Тафталиџе замина со предност од 49-35, а добрата игра продолжи и на отварањето на второто полувреме. ТФТ во еден момент имаше и највисоки +28 (69-41) по што следеше очекуван пад во темпото кој Вардар го искористи за ублажување на поразот.

Со 27 поени и 5 асистенции Ташовски беше прво име кај ТФТ, а него го следеше новото засилување Калхоун со 18 поени. 25 поени, 5 асистенции и 5 скокови за Вардар постигна Атанасов, а со дабл-дабл од 13 поени и 10 скокови мечот го заврши Луканоски.

Се вчитува...