Кошаркарите на ТФТ доживеаја убедлив пораз од 72-50 во дуелот против Војводина во претпоследниот натпревар од АБА 2 лигата.
ТФТ остана на претходните само две победи во лигата, наспроти и сега десет порази, не успевајќи да парира на новосадскиот тим на денешниот дуел.
Девет кошаркари на ТФТ се запишаа во листата на стрелците, од кои Верц заврши со 10 поени, а Зафиров постигна девет поени. Џонсон беше најефикасен кај Војводина со 17 поени, а Вучетиќ заврши со 14 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА