Во интересен натпревар на стартот од разигрувањето за титулата во Првата македонска кошаркарска лига, кој беше решен во третата четвртина, ТФТ Скопје славеше повеќе од заслужена победа над екипата на Тиквеш од 80-74.
Домашните подобро го почнаа мечот стекнувајќи предност по првиот период од играта, за да кавадарчани се вратат во игра добивајќи на втората четвртина со 12-21.
Но, одлична игра на ТФТ во третиот период кој го доби со 30-16, која на некој начин го реши победникот на дуелот, иако Тиквеш успеа да дојде во последната четвртина и до целосен пресврт.
Кавадарчани на 90 секунди пред крајот дојдоа и до пресврт од 73-74. Но, тука застанаа а во финишот ТФТ со успешно реализирани неколку напади дојде до заслужена победа.
Најдобар кај ТФТ беше Зафиров со 20 поени, додека 17 поени запиша Гордон. Кај Тиквеш се издвои Хокинс со 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

