ТФТ по продолжение го освои Куманово

Кошаркарите на ТФТ се вратија на победите, откако го совладаа Куманово на негов терен дури по продолжението. Регуларниот дел заврши 69-69, а потоа тимот од Тафталиџе славеше со 83-76.

Гостите од Скопје беа за нијанса подобар противник во првите десет минути по кои имаа позитива од четири поени 18-22. Домаќините заиграа подобро во вториот период во кој беа одлични во фазата на одбрана па на пауза меѓу двете полувремиња заминаа само со поен негатива 37-38.

Кумановци одиграа одлична одбрана и на стартот на второто полувреме па по три четвртини имаа предност од 54-50. ТФТ успеа да се врати во резултатски егал во последниот период, па натпреварот влезе во неизвесна завршница. Двата тима одиграа кош за кош па по 40 минути резултатот на семафорот изнесуваше 69-69, а натпреварот замина во продолженија.

Таму поуспешен беше гостинскиот тим, кој успеа да го добие натпреварот. ТФТ постигна 14 поени, наспроти седумте на Куманово за конечен триумф.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...