Македонскиот вицешампион ТФТ стигна до голема победа во борбата за плеј-оф во АБА 2 лигата откако вечерва во трилер меч по продолженија славеше против Слобода Тузла со 96-91 во меч од 6. коло од второто по ранг јадранско натпреварување.
Двете екипи си поделија по едно полувреме. Во првиот дел нашиот тим беше подобар противник, додека во вториот гостите од Тузла заиграа подобро, па на крајот по 40 минути на семафорот стоеше нерешен резултат 81-81.
Избраниците на Боро Смилковски одиграа неверојатно во продолженијата и на крајот заслужено стигнаа до триумф од 96-91.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

