ТФТ победнички ја стартуваше новата сезона во АБА 2

Македонскиот кошаркарски вицешампион ТФТ победнички ја стартуваше новата сезона во АБА 2 откако вечерва славеше на гостувањето кај Раднички Крагуевац со 78-84.

Натпреварот почна израмнето па по десет минути игра домаќините имаа минимална предност од 23-22. Во вториот период Раднички беше одличен во одбраната па на пауза замина со позитива од 44-37.

Избраниците на Боро Смилковски одиграа неверојатно во третиот период во кој постигнаа триесет поени, па пред последната делница од натпреварот успеаја да влезат со плус осум 60-68. До крајот македонскиот тим успеа да ја задржи предноста за воведна победа во АБА 2 од 78-84.

Стенли Дејвис Џуниор со 24 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Урош Николиќ постигна 18 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...