Кошаркарите на ТФТ Скопје триумфираа со 72-66 против Чаир 2030 и во вториот натпревар од плеј-оф серијата во Првата македонска кошаркарска лига, па сега се на само една победа од пласман во полуфиналето во разигрувањето за титулата сезонава.
Составот на Боро Смилковски одигра квалитетно прво полувреме па со предност од 42-29 замина на паузата. Чаирчани беа подобри во третата четвртина добивајќи ја со 8-17, па повторно се вратија во игра за победата.
Во последната четвртина Чаир дојде и до предност на пет минути пред крајот, но домашните кошаркари се созедоа па повторно го вратија водството, за да дојде до конечна победа од 72-66.
Најдобар на терент во победничкиот тим беше Закари Браун со 19 поени, додека на спротивната страна Диванте Мофит заврши со 18 постигнати поени. Третиот натпревар од серијата се игра на 30 април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА