Кошаркарите на ТФТ славеа на гостуавњето кај Работнички во Спортско рекреативниот центар „Кале“ со 77-85 во последниот меч од 6. коло во Првата лига на Македонија.
Првата четвртина ни донесе израмнета игра на двете страни, па по десет минути резултатот на семафорот изнесуваше 17-17. Вториот период помина во сличен ритам во кој гостите беа за нијанса подобри па на пауза заминаа со минимална предност од 38-39.
Клучната разлика ТФТ ја направи во третиот период кој го доби со пет поени, па по 30 минути игра имаше предност од 61-66. До крајот избраниците на Боро Смилковски само рутински го приведоа мечот до самиот крај за триумф од 77-85.
Брајан Гринли со 24 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Стојан Ѓуровски заврши со 27 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА