ТФТ поразен и од Борац Бања Лука во АБА 2

Кошаркарите на македонскиот прволигаш ТФТ доживеаја уште еден пораз во АБА 2 лигата откако вечерва во „балонот“ во Широки Бријег загубија од клубот од Босна и Херцеговина Борац Бања Лука со 75-91.

Противникот уште од самиот старт го наметна темпото и веќе на полувреме имаше убедлива предност од 38-51. Во третиот период избраниците на Боро Смилковски конечно одиграа на ниво, но и тоа не беше доволно да ја намалат негативата под десет поени по триесет минути игра (58-68).

До крајот Борац рутински го приведе мечот за конечни 75-91. Виктор Ташовски со 22 поени беше најефикасен во таборот на скопскиот тим, додека кај победникот Ланговиќ уфрли 20, а македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ заврши со четири поени.

Се вчитува...