По серијата од пет победи во сите натпреварувања, екипата на ТФТ го доживеа првиот пораз во БИБЛ лигата оваа сезона, откако на домашен терен загубо од Академик од Пловдив со 75-83. Одлучувачки за победникот беа последните пет минути во кои се влезе со егал-скор, 66-66.
Бугарите направија 12-3 за помалку од три минути и поведоа со 78-69, предност која не беше достижна за ТФТ. Едис Нури постигна тројка за -6, но немаше доволно енергија за да се анулира водството на противникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА