Американскиот кошаркар со богато резиме кога стануваат збор настапите на европската сцена, Дарин Говенс од денеска и официјално е нов кошаркар на македонскиот прволигаш ТФТ.
Триесетишестгодишникот кој во минатото настапуваше за Нижни Новгород, Шоле, Лимонж и Нанси меѓуостанатите клубови ќе биде дел од тимот во следните три години при што нема да има само една улога. Американецот ќе биде дел и од Управниот одбор со тоа што влегува во клубот со инвестициска група и ќе има 25 отсто од акциите.
„Дарин Говенс е нов играч и ко-сопственик во ТФТ. Тој ќе остане во ТФТ во следните три сезони и треба да биде големо засилување за новиот амбициозен проект. Заедно со Говенс, во ТФТ влегува инвестициска група предводена од него која стана сопственик на 25% од акциите на клубот 🤝.
Говенс ќе биде член на Управниот одбор на ТФТ чиј претседател е неговиот соиграч и капитен на екипата Едис Нури“, стои во соопштението на ТФТ.
На отварањето на новата сезона ТФТ го очекува натпревар против новајлијата МКК Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА