Кошаркарите на ТФТ поведоа со 2-0 во полуфиналната серија од Првата лига против Работнички, откако вечерва во натпреварот број два на домашен терен славеа со 71-59.
Гостите подобро го отворија мечот и предводени од Стојан Ѓуровски по првата четвртина имаа предност од осум поени 16-24. Во вториот период домаќините одиграа за нијанса подобро, па на пауза меѓу двете полувремиња заминаа со негатива од 32-37.
Избраниците на Боро Смилковски одиграа неверојатно во одбрана во третиот период во кој на противникот му дозволија само 11 поени, а во последните десет минути влегоа со предност од 56-48. Во последниот период ТФТ само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 71-59 и водство од 2-0 во полуфиналната серија.
Виктор Ташовски со 20 поени беше прво име кај победникот, додека одличен меч имаше и Говенс кој заврши со 17 поени, осум асистенции и шест скока. Кај поразените Ѓуровски постигна 18 поени, додека Робев заврши со десет поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА



























































