ТФТ преку Чаир 2030 до првиот триумф во сезоната

Кошаркарите на ТФТ дојдоа до првиот триумф во сезоната, откако денеска на домашен терен го совладаа составот на Чаир 2030.

Речиси во целиот тек на мечот беше во предност (во еден момент од втората четвртина Чаир само стигна до егал), и на крајот во последната четвртина ја направи разликата и дојде до конечен триумф 77-66.

Најефикасни беа Диванте Мурис кај Чаир и Симонс кај ТФТ со по 22 поени.

Се вчитува...