Кошаркарите на ТФТ се вистинско изненадување на македонската кошаркарска сцена сезонава, откако ја остварија и петтата победа во петтиот натпревар во кошаркарската Прва лига.
Тимот од Тафталиџе како домаќин оствари навидум лесен триумф над Шкупи со 82-73. Победата ќе беше со поголема разлика, ако во финишот немаше опуштање во нивните редови.
Победата ТФТ ја обезбеди во втората и во третата четвртина, откако во првата замина со негатива од -2. Сепак, во вториот и третиот период целосно го „демонтираа“ противникот и во последниот период влегоа со +21 (70-49).
Во последната Чаир успеа да намали од разликата, но беше далеку од изненадување.
Џек со 21 поен беше најефикасен кај Шкупи и на средбата, додека кај победничкиот тим Сапунџиев беше најефикасен со 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА