ТФТ против Златибор во плеј-офот во АБА 2

Лидерот во Првата кошаркарска лига ТФТ остана единствен претставник во АБА 2 кој успеа да се пласира во плеј-офот. А, таму тимот од Тафталиџе во 1/4 финалето го доби тимот на Златибор за противник.

Српската екипа ја има предноста на домашен терен, а ќе се игра во два добиени меча.

Златибор го заврши натпреварувањето во АБА 2 на втората позиција, наспроти ТФТ кој заврши како седми.

Ако го мине Златибор, потоа во полуфиналето ТФТ ќе игра со подобриот од мечот Сутјеска – Слобода Тузла. Во другите 1/4 финални мечеви се Широки – Јахорина и Војводина – Домжале.

Се вчитува...