Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ денеска го официјализираше американскиот интернационалец Стенли Дејвис кој во македонската кошарка пристигнува од Португалија.
Дејвис може да ги покрие позициите два и три, а во Тафталиџе доаѓа откако минатата сезона во тимот на Галомар имаше просек од 14.2 поен по натпревар.
26-годишникот има богато интернационално искуство бидејќи веќе настапувал во осум различни земји.
ТФТ со овој потег продолжува да се засилува пред новата сезона во која го чека настап покрај во домашниот шампионат и во АБА 2 лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

