ТФТ се засили со Американецот Зек Браун

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ доведе ново засилување во своите редови пресрет најважниот дел од сезоната во мак-баскетот каде што ги чека настап на завршниот турнир во националниот куп, но и во борбата за што подобра позиција пред плеј-офот во Првата лига.

Скопскиот прволигаш во своите редови го доведе американскиот интернационалец Зек Браун.

„Со гордост го претставуваме Зек Браун, новата сила во нашиот тим! Со својата енергија, агресивна одбрана и победнички менталитет, Зек ќе донесе нова димензија на играта. Подгответе се за спектакл – оваа сезона ќе биде нешто посебно! Ајде сите заедно да му посакаме добредојде!“, стои во соопштението на ТФТ. 

Се вчитува...