ТФТ Скопје е првиот полуфиналист во Купот на Македонија

Кошаркарите на ТФТ Скопје е првиот полуфиналист во Купот на Македонија откако славеа лесна победа во првата четвртфинална пресметка против Феникс од 98-71.

Екипата на Феникс 2010 имаше подобар почеток во воведниот четвртфинален натпревар од Купот на Македонија. Во раната фаза од мечот Феникс 2010 поведе со (17-10), за првиот период да биде затворен со нешто пониски (22-19).

Условно земено, гостинската екипа имаше предност (28-27), и на средината од втората четвртина. Но и тајм-аутот кој го зема тренерот Денис Дервишевиќ, не донесе прекин на серијата на поени на ТФТ. Во нецели две минути ТФТ поведе со 33-28, a потоа поведе и со 38-31. А одличната втора четвртина „црно-белите“ ја завршија со (27-12), за убедливо водство од 46-34.

Во вториот дел од првото четвртфинале, работите си дојдоа на своето место. Како одминуваа минутите, така фаворитот градеше водство кое се покажа како недостижно за кошаркарите на Феникс 2010.

По одличното прво полувреме, Дејвис заврши со 17 поени (плус четири скока и три додавања), исто толку имаше и Зафиров, Ташовски имаше 12 поени, а по десет дадоа Гордон, Иванов и Стојаноски.

А. Стојановски даде 16 поени и шест скока, Рахама реализираше 14 поени (имаше и шест скока), Метјус имаше 11, а Дајсон уште десет поени за екипата на Феникс 2010.

Во полуфиналето екипата на ТФТ ќе го чека подобриот од дуелот во кој од 19:30 часот ќе го играат екипите на Пелистер и МКК Куманово.

Се вчитува...