ТФТ Скопје се засили со Никола Василевски (ФОТО)

ТФТ Скопје го промовираше поранешниот младински репрезентатвец на Македонија, Никола Василевски, како свое ново засилување за продолжението од сезоната.

21-годишниот Василевски, изминатава година настапуваше во екипата на Доњи Вакуф во БиХ, а во своето досегашно кошаркарско минато има настапи и за МЗТ Скопје и Академија ФМП.

„Никола е играч со огромен потенцијал, кој со својот квалитет и страст ќе ни помогне во борбата за нови трофеи и успеси!“ – соопштија од ТФТ Скопје.

Се вчитува...