ТФТ Скопје загуби на гостувањето од Јахорина за трет пораз во АБА 2 лигата

Кошаркарите на ТФТ Скопје го доживеаја и третиот пораз сезонава во АБА2 лигата, овој пат на гостувањето против Јахорина Пале со 92-84 во осмиот свој натпревар.

Во натпревар со променлива игра на македонскиот тим, пресудна за победата на Јахорина беше втората четвртина која домашните ја добија со 32-17.

ТФТ се обиде да се врати во игра добивајќи ја третата четвртина со 23-34, па доаѓајќи до 76-69 на влезот од последниот период од играта.

Но, кошаркарите на Јахорина низ последната четвртина ја одржуваа таа предност за конечна победа од 92-84.

Најефикасни во македонскиот тим беа Дејвис и Говенс со по 21 поен, а 15 поени запиша Виндел Гордон, додека со 13 поени мечот го заврши Ташовски. Во победничкиот тим се издвои Ковачевиќ со 25 поени и седум скока.

Се вчитува...