ТФТ со една моќна четвртина се врати на врвот

ТФТ експресно се врати на врвот на суперлигашката табела откако славеше на премиерниот меч од 2026 година, на домашен терен против Кожув со резултат . Гостите од Гевгелија се покажаа како цврст и незгоден ривал, но само една четвртина беше доволна за ТФТ да направи резултатска разлика и да стигне до посакуваниот триумф.

Првото полувреме мина во израмнета борба, Кожув подобро отвори и имаше предност од 11-18, но избраниците на Смилковски се вратија и го завршија стартниот период со 23-23. Кожув имаше и водство во текот на речиси целата втора четвртина, но ТФТ стигна до израмнување со петте поени што во самата завршница ги постигна Сомервил.

Почетокот на второто полувреме донесе сосема поинаква слика на теренот, ТФТ заигра онака како што му доликува на актуелниот лидер на табелата, во нападот блескаше Дејвис и домашниот тим ја заврши четвртината со предност со 78-67. Потоа, последните десет минути од мечот минаа во целосна контрола на домашниот тим кој рутински ја одржа предноста и стигна до заслужена победа.

Дејвис беше клучна фигура во победничкиот тим со 25 поени, 6 сковко и 7 асистенции, Николов постигна 18, а Ташовски 14 поени, додека најефикасни кај Кожув беа Пурвис со 29 и Вашингтон со 18 поени.

Се вчитува...