Кошаркарите на ТФТ продолжуваат со одличните партии на стартот на новата сезона во домашниот шампионат, откако вечерва во меч од 10. коло славеа на гостувањето кај Гостивар со 83-93.
Домаќините одиграа одлично во првото полувреме, па по 20 минути игра имаа позитива од осум поени (46-38). Сепак, скопскиот тим уфрли во поголема брзина во вториот дел и на крајот заслужено стигна до нов триумф 83-93.
Џастин Гордон со 19 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Глен Абрам постигна 18 поени.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

