Кошаркарите на ТФТ забележаа голема победа на гостувањето против Борац Бања Лука, изразена со убедливи 62-80 за прекин на серијата од два порази во регионалното натпреварување.
Избраниците на Боро Смилковски одиграа одличен меч во кој излегоа како победници во секоја од четирите четвртини. Првите десет минути завршија 16-18 за ТФТ, а македонскиот тим го доби вториот период со 15-17, на одмор заминувајќи со „плус четири“.
Тоа беше најава за уште подобро издание во третата четвртина, па тимот од Тафталиџе влезе во последниот период со водство од 46-56 што дополнително го зголеми до самиот крај.
Виндел беше прво име во победничкиот тим со 28 поени, а добра игра прикажа и репрезентативецот Ташовски, реализирајќи 15 поени, три асистенции и две украдени топки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

