ТФТ со „метла“ за Работнички до историско финале

Кошаркарите на ТФТ стигнаа до историско прво финале во клупската историја во плеј-офот во македонскиот шампионат откако со 3-0 славеа во полуфиналната серија против Работнички.

По воведните две победи на домашен терен, тимот од скопската населба Тафталиџе славеше и на гостувањето кај Работнички со убедливи 73-92.

Домаќините беа достоен ривал само во првиот период кој го добија со минимални 27-25. Избраниците на Боро Смилковски одиграа фуриозно во втората четвртина и веќе на пауза имаа двоцифрена позитива 38-58.

Во вториот дел разликата само растеше за конечни 73-92. Дарин Говенс со 18 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Џексон Дубински постигна 15 поени.

Во финалето ТФТ ќе се сретне со актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Се вчитува...