ТФТ со нов пораз во АБА2: Една добра четвртина недоволна за изненадување против Хелиос

ТФТ во петтиот натпревар го претрпе и четвртиот пораз во рамките од АБА2 лигата откако македонскиот прволигаш загуби на денешниот дуел со словенечки Хелиос Домжале со резултат 63079. Избраниците на тренерот Смилковски одиграа одлично прво полувреме, но не успеаја да го задржат темпото, гостите знаеја како да го искористат тоа, да направат пресврт со кој Хелиос стигна до скор 2-3, оставајќи го ТФТ на 1-4.

Хелиос подобро го отвори мечот, пред крајот на почетната четвртина поведе со 12-20, но ТФТ со пет поени во низа се врати резултатски во натпреварот. . Македонскиот состав беше уште подобар во вториот период во кој го сврте резултатот во своја полза, на одмор заминувајќи со предност од 40-33. Тоа беше се што одигра ТФТ од напад на овој натпревар, македонскиот тим постигна 10 поени во третата четвртина, потоа и 13 во последните десет минути, премалку за да може да се надева на подвиг и триумф над Хелиос.

Симонс со 21 и Ташовски со 12 поени беа единствените со двоцифрен ефект во таборот на ТФТ, додека најефикасен во победничкиот состав беше Миртич со 20 поени.

Се вчитува...