И покрај тоа што одлично го почна натпреварот, тимот на ФМП Академија загуби на гостувањето кај ТФТ во 4. коло од кошаркарската прва лига. ТФТ на крајот славеше победа со 73-64, благодарение на одличната игра во третиот, а потоа и во четвртиот период.
По првата четвртина ФМП замина на одмор со дури девет поени предност (18-27). Во вториот период ТФТ успеа да намали од разликата, и на полувреме замина со негатива од четири поени.
Меѓутоа третиот период кошаркарите на ТФТ го добија со 17-9 и тука ја најавија победата, за конечно да стигнат до неа со 20-15 во последниот период.
Огундиран со 21 поен беше најефикасен на средбата, а кај победничкиот тим Хајтон со 17 беше најдобар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА