ТФТ денеска и официјално го претстави своето најново засилување за оваа натпреварувачка сезона, потпишувајќи договор со рускиот интернационалец Алекс Котов.
Станува збор за играч кој би требало да биде од помош во борбата под обрачите, ако се знае дека настапува на позициите четири и пет, каде ќе биде значаен адут на тренерот Смилковски на завршниот турнир од Купот на Македонија, а потоа и во плејоф завршницата.
„Со задоволство го претставуваме новото засилување на ТФТ, Алекс Котов! Алекс е 208-сантиметарски крилен центар од Русија, кој играше во ВТБ лигата, а претходно настапуваше на НЦАА ниво со тимовите на универзитетите Кемпбел и Илиноис. Неговото искуство во елитни лиги го прави важен додаток на нашиот состав. Со силна физичка присутност и изразена одбрана, Алекс ќе донесе нова димензија во играта на ТФТ. Неговата способност да игра на различни позиции ќе биде одличен ресурс за тимот“, објави тимот од скопско Тафталиџе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА