Кошаркарите на ТФТ попладнево загубија на домашен терен од Хапоел Гилбоа со 71-105, со пораз завршувајќи го настапот во својата дебитантска сезона во БИБЛ-лигата. Скопскиот прволигаш оствари успех со самиот пласман во втората фаза, каде сепак немаше сили да им се спротивстави на поквалитетните ривали.
Тоа беше случај и на денешниот дуел на кој гостите од Израел доминираа целосно, на крајот заслужено славејќи со преубедливи 34 поени разлика. ТФТ парираше само во првата четвртина што гостите ја добија со минимални 22-23, за Израелците да заиграат уште помоќно во вториот период, кој го добија со 15-25 и стигнааа до двоцифрена предност што ја „билдаа“ до самиот крај на средбата.
Смит оствари дабл-дабл од 12 поени и 11 скокови, а Херис беше најефикасен во редовите на ТФТ со 14 поени. Прв стрелец на победничкиот тим беше Американецот Форд со 19 постигнати поени за 17 минути игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА