ТФТ со втора победа во АБА 2, Војводина „падна“ во Кале

Благодарение на пресвртот во последната четвртина, кошаркарите на ТФТ ја совладаа екипата на Војводина со 75-71 во второто коло од АБА 2 конкуренцијата, и така дојдоа до вториот триумф во ова натпреварување.

Натпреварот беше своевидна вртелешка во резултатот, а повеќе водство имаа гостите. Во последниот период влегоа решително да го решат победникот, поведоа и со девет поени разлика (56-65), но тоа не беше доволно.

ТФТ покажа карактер, направи пресврт и во серија од 11-0, стигна до предност од 67-65. Тимот од Тафталиџе стигна и до предност од четири поени, 73-69, после кои гостите беше тешко да се вратат. Намалија на 73-71, а потоа од слободни фрлања дојдоа до нова предност од четири поени, што беше и конечен резултат.

Гордон со 21 поен беше најефикасен кај ТФТ, додека Ташовски постигна 18. Кај Војводина Кљајевиќ постигна 20.

Се вчитува...