Кошаркарите на ТФТ дојдоа до вториот триумф во кошаркарската прва лига, откако го совладаа и тимот на Гостивар на гостински терен во драматична завршница. До победата гостите стигнаа со одлична партија во последната четвртина, која ја добија со 14-20, и практично направија пресврт и дојдоа до триумф 61-60.
Интересно е тоа што првата четвртина завши 9-4 за Гостивар, а потоа домашните беа во константна предност се до последниот период. Во еден момент гостиварци имаа и +14, но ТФТ успеа да се врати во третата и во четвртата четвртина.
Практично во последните секунди тимот од Тафталиџе успеа да реализира и така да дојде до победата. Митевски и Соколов кај Гостивар постигнаа по 17 поени, а кај победничкиот тим Николов беше најефикасен со 16.
Во Куманово беше исто така драматично, откако Куманово дури по продолжението го доби дуелот со Тиквеш со 93-89. Првиот дел им припадна на гостите, а домашните во вториот успеаја да се вратат, па дури и да имаат три поени предност, но Тиквеш успеа да реализира тројка и да дојде до продолжение. Таму Кумановци беа подобри, го добија со 14-10, и на крајот славеа триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА