ТФТ во финишот го „скрши“ Феникс

Кошаркарите на ТФТ го совладаа тимот на Феникс 2010 на гостински терен со 79-75. Во интересен натпревар во кој тимовите често се менуваа во водствата, на крајот ТФТ дојде до победата.

И покрај тоа што во финишот Феникс имаше и предност од 75-74, во серија од пет поени успеа ТФТ да го добие овој меч. Токму тие завршни минути беа клучни.

Луис и Верц кај ТФТ беа најефикасни со 17, односно со 16 поени, додека Метјуз кај Феникс со 23 беше најефикасен на средбата.

Се вчитува...