Освојувачот на Купот на Македонија за 2022 година ТФТ и официјално ќе се натпреварува во квалификациите за Лигата на шампиони на ФИБА. Македонскиот претставник чекаше потврда за истото по проблемите на францускиот состав По Ортез, а откако Французите не успеаја да добијат лиценца дојде до промена меѓу 24. тима кои имаа загарантирано место меѓу учесниците за сезоната 2022/23.
Местото на По Ортез ќе го завземе францускиот Стразбур, а македонскиот состав се најде во квалификациите помеѓу тимови како Бросе Бамберг, Тофаш, Уникаха, ФМП… Јасно е дека ТФТ нема да има лесен пат за изборување на место во групната фаза, но самите квалификации носат настап во групната фаза на ФИБА Еврокупот па скопскиот состав ќе има можност за натпреварување со сериозни тимови од „стариот континент“.
Интересно, ТФТ аплицираше и за настап во АБА2 првенството, а доколку регионалното првенство ги избере „црно-белите“ пред Пелистер и Еуро Никел не се исклучува можноста за избор на „јадранското првенство“ како интеренационален предизвик.
Противниците во квалификациите за Лигата на Шампионите ќе бидат познати по ждрепката која ќе се одржи во Женева во четврток на 7. јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА