ТФТ во НБА меч славеше над Чаир

Во еден од најефикасните натпревари во досегашниот дел од сезоната, кошаркарите на ТФТ дојдоа до уште една победа овојпат против Чаир 2030 со 111-91.

„Црно-белите“ имаа постојана резултатска предност, но потврдата за новиот успех ја дадоа во последните десет минути, во кои направија недостижна предност за гостите од Чаир.

Џастин Гордон беше прв стрелец во екипата од Тафталиџе со 25 поени. Три помалку реализираше репрезентативецот Ташовски, Дејвис заврши со 15 поени.  Во екипата на Чаир 2030 Стурдивант реализираше 24 поени, Билингсли даде 20 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...