Кошаркарите на ТФТ запишаа нова победа во домашниот шампионат откако вечерва во дерби натпреварот на 20. коло од регуларниот дел од сезоната во Првата лига славеа над Пелистер со 99-84.
Во една одлична и фуриозна игра од двете страни во првата четвртина во која буквално и двете екипи погодуваа од секоја позиција подобро се снајдоа гостите од Битола кои по првиот период имаа плус четири 26-30. Во вториот период намалија двете екипи во напад, па Пелистер успеа да ја задржи предноста до паузата 41-45.
И вториот дел почна фуриозно како првиот. Двете екипи погодуваа од секоја позиција, а ТФТ беше за поен подобар, па по 30 минути игра позитивата на гостите изнесуваше 68-71. Следуваше голем пад на избраниците на Боро Даскаловски во последниот период. Домаќинот одигра фуриозно и на крајот успеа да запише конечен триумф од 99-84.
Џастин Гордон со 24 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Кевин Дејвис постигна 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА





















