Кошаркарите на ТФТ добро се нам,ачија против „фенерџијата“ Вардар да дојдат до победата. На крајот славеа минимално со 79-80, благодарение со кош од слободни фрлања во последните секунди од мечот.
Вардарци имаа уште 15 секунди да погодат и да дојдат до победата, но на крајот не успеаја и така победата ја оствари ТФТ.
ТФТ ја заврши првата четвртина со предност од два кола, а потоа на полувремето Вардарци заминаа на одмор со предност од два поени. Следуваше нова предност за ТФТ, која со +4 замина на завршната четвртина, а таму буквално се намачи до крај да дојде до победата.
Хајтон кај ТФТ беше најефиаксен со 18 поени, додека кај Вардар Бајрам постигна 31 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА