Кошаркарите на ТФТ денескаќе гостуваат на Сутјеска во првиот дуел од полуфиналната серија од АБА2 лигата. Македонскиот претставник веќе испиша клупска историја со елиминацијата на Златибор и пласманот во ова полуфинале
Тренерот на клубот од скопската населба, Боро Смилковски вели дека без притисок ќе истрчаат неговите играчи денеска на теренот.
„Не очекува тежок натпревар против екипата на Сутјеска која по самата организација, квалитет и игра навистина покажува сериозна амбиција за пласман во АБА1. Неколку озбилно кошаркари донесоа пред плејофот. Квалитетен и широк ростер, искусни играи и тренер со доста мечеви на висок левел. Мораме да бидеме енергетски и физични присутни во обидот да одговориме на нивната агресивност и игра со доста контакт. Ја прифаќаме улогата на предизвикувачи, и растеретени од резултатски императив ќе го дадеме својот максимум во обидот да продолжиме да ја пишуваме клупската историја“, изјави Смилковски.
Натпреварот број 1 од полуфиналната серија во АБА 2 меѓу Сутјеска и ТФТ е закажан со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

