ТФТ во второто полувреме го урна отпорот на Ангели, ФМП без проблеми против МЗТ 2

Освојувачот на кошаркарскиот куп на Македонија, ТФТ славеше на гостувањето кај Ангели со 54-77. во натпревар од 17. коло во кошаркарската лига на Македонија. Домаќините беа достоен противник против фаворитот само во првото полувреме кое го добија со еден поен разлика 33-32.

Избраниците на Боро Смилковски заиграа страшно на стартот на третата четвртина во која на противникот му дозволија само шест поени, а по триесет минути игра имаа предност од 39-58. До крајот само го рутински го приведоа мечот за конечни 54-77. Ландриус Хортон со 23 поени беше убедливо најдобриот поединец кај победникот, додека кај поразените Наумоски заврши со 14 поени.

До лесна победа стигна и ФМП Академија на гостувањето кај МЗТ Скопје 2 од 63-84. За разлика од ТФТ, тимот од Кисела Вода тргна силно уште од самиот старт против младите штркчиња, па веќе по десет минути игра имаше огромни 14-33. Во втората и третата четвртина ФМП продолжи да ја зголемува предноста и по три одиграни периоди таа изнесуваше (39-78). Во последниот период следеше опуштање па домаќините на крајот го ублажија поразот (63-84). Најдобар поединец кај победникот беше Филип Бакоч со 18 поени, додека кај поразените се истакна Ренсом со 14 поени.

Се вчитува...