ТФТ загуби и од Сутјеска во АБА 2 лигата

Кошаркарите на ТФТ Скопје го доживеаја и петтиот пораз во шестиот свој натпревар во АБА 2 лигата. Македонските кошаркари овој пат загубија од Сутјеска со 74-60.

ТФТ успешно парираше на противникот единствено во првата четвртина која заврши 17-17, но клучната разлика за победата Црногорците ја направија во втората четвртина која ја добија со 20-7.

Во второто полувреме ТФТ се обиде да дојде до пресврт, но немаше сили против расположените кошаркари на Сутјеска кои рутински ја одржуваа предноста до конечна победа од 74-60.

Верц со 19 поени и седум скока беше најдобар поединец кај ТФТ, а Крстевски постигна 12 поени дополнети и со пет скока. Кај Сутјеска најефикасен беше Лукиќ со 17 поени.

ТФТ остана на последната позиција од табелата со само една победа и пет порази. Сутјеска, пак, ја запиша и третата победа во шестиот меч.

Се вчитува...