„Ти благодариме Кирил“ – великаните со интересни пораки до „Кралот“ Лазаров (ВИДЕО)

Кирил Лазаров стави крај на богатата кариера во која освои речиси се што можеше да се освои. Неговото име ќе остане запишано како најголем во историјата на македонскиот ракомет, но и како рекордер во ракометна Европа со достигнувања што останатите уште долго ќе се мачат да ги остварат.

Почетоците на „Кралот“ беа во Свети Николе, а преку Борец и Пелистер стигна и на интернационалната сцена каде ги бранеше боите на Загреб, Веспрем, Ал Сад, Сиудад Реал, Барселона и Нант.

Македонецот во долгата кариера имаше многу соиграчи и тренери, а дел од нив како Илчо Јанев, Лино Червар, Чави Пасквал, Талант Душебаев и Никола Карабатиќ испратија и интересни пораки.

Се вчитува...