Ти-Џеј Шортс донесе историја за Париз: Прв трофеј во Купот на Франција

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс донесе историја за Париз со освоениот трофеј во Купот на Франција.

Избраниците на Сплитер во големото финале го совладаа тимот на Ле Ман со 91-80, сосема заслужено дојдоа до титула број еден во ова натпреварување за клубот.

Ти-Џеј Шортс беше скромен напаѓачки со само 7 поени на кои дополни два скока и седум асистенции, а најдобар поединец беше Хифи со 20 поени.

Сега Париз го чека третиот натпревар во плејоф битката со Фенербахче за место на Ф4 турнирор во Евролигата.

Се вчитува...